Ѓорѓиевски: Многу пациенти имаат потреба од донирање органи, да ја подигнеме свеста за спасување животи

Ѓорѓиевски: Многу пациенти имаат потреба од донирање органи, да ја подигнеме свеста за спасување животи

пред 6 часа

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потстетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи.

-Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, апелирам до сите граѓани на Република Македонија да ја зголемат свесноста за органодарителството, бидејќи само на таков начин ние можеме да си помогнеме едни на други, а со помошта на други ние помагаме и на целокупното наше општество, помагаме на државата и помагаме за целокупниот систем, потенцира д-р Ѓорѓиевски во своето видео-обраќање.



Текстот Ѓорѓиевски: Многу пациенти имаат потреба од донирање органи, да ја подигнеме свеста за спасување животи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top