Ѓорѓиевски најави уредување на просторот кај МАНУ

Ѓорѓиевски најави уредување на просторот кај МАНУ

пред 4 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави уредување на просторот околу зградата на МАНУ.

„МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој дел да добие достоинствен, убав и репрезентативен изглед каков што ѝ прилега на институција од вакво национално значење“, објави Ѓорѓиевски.

Додава дека институциите што го чуваат знаењето, идентитетот и културната меморија на Македонија заслужуваат почит, грижа и вистинско внимание.

Текстот Ѓорѓиевски најави уредување на просторот кај МАНУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top