На новото отпочнување на главната расправа за “Титаник”, — признаа вина. Обвинителката Лиле Стефанова не го повтори воведниот говор туку остана на тоа што го кажа претходно.
Прв вина призна Мартин Протуѓер. По него и Кирил Божиновски кажа дека не се чуствува виновен.
Миле Јанакиески беше вториот кој призна вина, посочи дека и натаму смета дека предметот не треба да се води поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.
Ексминистерката Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така призна вина.
Илија Димовски кажа дека не е виновен за делата за кои се гони. Билјана Бришковска на новиот почеток од постапката за “Титаник”, посочи дека превзема одговорност.
Леко Ристовски кажа дека бидејќи се работи за идентитчно дело како кај Илија Димовски не сака да се повторува во делот на извршување функции во партијата.
“Не сум го прекршил законот и се чувствувам за невин”, кажа Ристовски.
Катерина Веловска, исто така обвинета, кажа дека се чувствува за виновна.
Станко Коруновски не признава вина и рече дека е невин. По него Киро Тодоровски кажа дека се чувствува виновен и се извини.
Мунир Пепиќ кажа дека нема да се извинува бидејќи никогаш на никому не згрешил.
“Не знаев тогаш дека е тоа кривично дело, но сега изјавувам дека се чувствувам за виновен”, кажа Пепиќ, кој е осуден и за предметот “27 април”
Ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко се изјасни за невин.
Драгче Дракчевски истакна дека не бил член на политичка партија. Тој исто така рече дека е невин.
Маријан Накевски се придружи на кажаното од Драгчевски дека за првпат Протуѓер и Јанкуловска првпат во живо ги има видено во судница и се изјасни за невин.
Гоце Јаневски исто така тогашен припадник на МВР, кажа само: “Не се чувствувам за виновен”.
Ѓезми Ахмет, обвинет во “Титаник” се придружи на кажаното од Драгчевски и кажа дека не се чувствува за виновен.
И Роберт Давитков се придружи на кажаното од Драгче Драгчевски дека не ги познавам Јанкуловска и Протуѓер, па така не се гледа за виновен.
Ленка Рашајковска кажа само: “Не се чувствувам за виновна”.
На крајот, Коста Митровски рече дека имајќи ја во предвид одлуката за аболиција на Ѓорѓе Иванов, постапката не требало ни да почне.
“Но денеска, ќе се изјаснам за виновен”, кажа Митровски.
Лиле Стефанова, обвинителка во случајот “Титаник”, на крајот од рочиштето побара раздвојување на постапката за обвинетите кои признале вина.
“Да се формира нов предмет и да продолжи постапката, а за остантите да се закаже главна расправа”, посочи Стефанова.
Судијата Осман Шабани најави формирање на нов предмет.