Јанкуловска прослави Бадник со семејството по три години во затвор

Јанкуловска прослави Бадник со семејството по три години во затвор

пред 9 месеци

Јанкуловска прослави Бадник со семејството по три години во затвор. На својот „Фејсбук“ профил таа објави фотографија и напиша „Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ“.

Јанкуловска и претходно објави фотографија на социјалните мрежи како го подготвува лепчето со паричка за Бадник.

Фотографија преземена од „Фејсбук“ во 2014 година

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Во одлуката на судот стоеше дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори: Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше на издржување затворска казна во КПУ – Идризово. Осудена беше на четири години затвор за предметот „Тенк”, во септември 2020 година.

Текстот Јанкуловска прослави Бадник со семејството по три години во затвор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top