Јаревски: Молк од ЈО откога објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапи од она што власта тврди дека е реално

Јаревски: Молк од ЈО откога објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапи од она што власта тврди дека е реално

пред 11 месеци

„24 часа откога објавивме дека ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар, набавиле машини за бележење патишта и до 100 пати поскапи од она што СДС тврди дека може да се набават – молк од ЈО“, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 илјади евра, а за кои самите велат дека може да се купат за 2 до 3 илјади евра.

Функционерите на власта, во конкретниот случај директорот на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар, ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра.

Доколку тврдењето на СДС дека овие машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба.

Недозволиво е институциите да молчат кога и самиот СДС тврди дека машини за бележење пат, какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2-3 илјади.

Очекуваме брза реакција на ЈО, но и одговор од директорот на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, како од и градоначалниците на Струмица и Центар, каде завршила разликата од реалната набавна цена од 2 до 3 илјади евра и онаа што тие ја платиле?

Додека народот едвај врзува крај со крај, функционерите на СДС купуваат машини за бележење патишта и до 100 пати поскапи од реалното. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот Јаревски: Молк од ЈО откога објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапи од она што власта тврди дека е реално е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top