Јовески на средба со новиот министер за правдa Тупанчески

пред 2 години

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, денеска оствари средба со министерот за правда, Никола Тупанчески.

Како што информираат од прес-службата на обвинителството, на средбата се разговарало за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства.

„Јовески и Тупанчески дискутираа и за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска независност на Јавното обвинителство, за зајакнувањето на внатрешните контролни механизми и за осовременување на системот за распределба на предметите“, се наведува во соопштението за средбата.

Јавниот обвинител го запознал новоизбраниот министер за правда и со донесениот правилник за начинот на оценување на работата на јавните обвинители.

Share
Scroll to Top