Јорданов: Денес во Штип имаше мафијашки избори

пред 3 години

Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран Заев, и двоецот Бочварски и Сашко Николов, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев среде корона организираше на сила избори само за да се спасат власт во Штип, вадеа луѓе болни со корона без никакви протоколи, се истурааа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше нешто над 200 евра, се правеа притисоци, закани и уцени само за да ja зачуваат градоначалничка фотелја“, рече тој.

Јорданов кажа дека СДСМ издвојувала пирова победа, која денес штипјани скапо ја платиле со своето здравје.

„На парламентарните избори пред само една година гласаа 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласаа 29 илјади граѓани, денес таа бројка е нешто над 14 илјади гласови. Јасна порака од штипјани, дека денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија. Заев и СДСМ не се способни да прганизираат фер и демократски избори. Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев. Нашиот народ вели нема лезет, а нема зошто денес вашата партија правеше тортура низ Штип, за 8 месеци ќе има повторно избори тогаш ќе го видите вистинскиот одговор од штипјани“, рече Јорданов.

Share
Scroll to Top