ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

пред 9 часа

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

„Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на Претпријатието на терен“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот.

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Текстот ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top