ЈСП го зголеми број на автобуси на повеќе линии во градот

пред 4 години

Од денеска на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред, соопшти ЈСП.

Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Линиите 9, 19, 20 и 23 часот, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.Прегледот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.

Share
Scroll to Top