Љубчо Георгиевски не очекува да почнеме преговори со ЕУ во следните четири години

Љубчо Георгиевски не очекува да почнеме преговори со ЕУ во следните четири години

пред 1 месец

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ја коментираше вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за европскиот пат на Македонија. Георгиевски рече дека не очекува ништо ново во следните четири години.

„Владата имаше план во три фази да го убеди Брисел во неговата вистина? Со други зборови, ништо од преговорите со Европската Унија во следните четири години“, напиша Георгиевски на социјалните мрежи.

Мицкоски вчера изјави дека е оптимист и дека борбата за напредок на Македонија на европскиот пат ќе продолжи.

Според Мицкоски, во ЕУ има нов тим кој полека ги препознава проблемите, а Владата ќе продолжи да се бори бидејќи Македонија е во право и вистинската вистина мора да се открие.

Текстот Љубчо Георгиевски не очекува да почнеме преговори со ЕУ во следните четири години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top