Џафери во официјална посета на Косово

пред 3 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 4 и 5 март 2022 година ќе престојува во официјална посета на Косово, придружуван од членовите на пратеничката група за соработка со Собранието на Косово, пратениците Бејџан Илјас, Бети Стаменкоска Трајкоска и Изет Меџити.

Собраниската делегацијата предводена од Џафери ќе оствари средби со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, со претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу и со претседателот на Владата, Албин Курти.

Во рамките на посетата, предвидени се и средби на Џафери со претседателите на политичките партии во Република Косово, односно, со Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Лумир Абдиџику, претседател на Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај, претседател на Алијансата за иднината на Косово.

На покана од домаќинот Коњуфца, Џафери ќе присуствува на активностите по повод чествувањето на 24. годишнината од Епопејата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), со тоа што ќе присуствува на Свечената седница на Собранието на Република Косово и на парадата на припадниците на Безбедносните сили на Косово, како и ќе положи свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, Командантот Адем Јашари во Меморијалниот центар во Преказ – Скендерај.

Share
Scroll to Top