„1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски“, велат од СДСМ

„1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски“, велат од СДСМ

пред 2 часа

„Катастрофалните економски политики на Владата на Христијан Мицкоски оставаат илјадници македонски семејства без работа, без егзистенција, на улица. Додека брутално се пумпаат пари преку криминални тендери, над 1.500 работници во изминатиот период останаа без работа. Тоа се 1.500 човечки судбини, празни трпези и неизвесна иднина за илјадници граѓани“, велат од СДСМ.

„Минатата недела „Артекс“ од Кочани престана со работа – 100 текстилни работници и работнички останаа на улица, без работа и без исокатени плати.

Пред само неколку недели, македонски работници беа отпуштени од „Бехтел и Енка“. Во ТИРЗ зоните, повеќе компании ги затворија погоните, оставајќи стотици семејства без приходи.

Во Штип беа затворени 4 конфекции, меѓу кои „Елит Фешн“ и „Мода Ексклузив“, со над 110 отпуштени работници. Во Куманово, затворањето на чевларски погони остави 180 луѓе без работа.

Најголемиот удар дојде од повлекувањето на странските инвестиции, „Aptiv“ се повлече – изгубени се 500 до 600 работни места. „Lear“ и „Dura“ преку тивки кратења отпуштија уште 300 работници.

Дополнително, во металургијата, над 400 работници беа оставени на принудни одмори, а дел од нив трајно отпуштени.

Податоците се поразителни. Бројот на работници во индустријата во февруари 2026 година е намален за 3,4% во однос на лани како директен резултат на неспособноста на владата на Мицкоски.

Секое отпуштање од работа значи татко кој не може да донесе плата дома, мајка која не знае како ќе ги нахрани децата, млади луѓе кои ја губат надежта и размислуваат да ја напуштат државата.

Македонските работници ги бркаат од работа, остануваат „економските работници“ и затоа нема зголемување ниту на минималната плата на 600 евра.

СДСМ предупредува: ако владата на Мицкоски итно не преземе мерки, бранот на отпуштања ќе продолжи, кризата ќе ги продлабочи проблемите и сиромаштијата“, се додава во соопштението на СДСМ.

Текстот „1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top