Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациент, во Кочани 29, во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на коронавирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава и дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.