Синоќа во периодот од 22 од 04 часот била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што биле казнети 102 возачи. Од нив најмногу на подрачјата на Скопје – 25, Битола – 19 и Куманово – 14 лица.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи .