100 сообраќајни санкции во Скопје

104 санкционирани возачи во Скопје, 29 возачи на мотоцикл

пред 2 години

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…“, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР.

Текстот 104 санкционирани возачи во Скопје, 29 возачи на мотоцикл е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top