116 санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

пред 3 години

Денеска Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 116 возачи.

18 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.

Полицијата најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top