Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

пред 1 година

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот.

Во моментот, во притвор во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот.

Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле-тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Текстот 12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top