120 санкции за брзо возење на подрачјето на Тетово

пред 4 години

Вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина во која биле откриени вкупно 120 прекршоци за пречекорување на максимално дозволената брзина. Од нив 89 прекршоци биле на тетовското подрачје, а 31 прекршок на гостиварското подрачје.

Покрај ова реализирана е и контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што биле откриени пет прекршоци, сите на тетовското подрачје. Во вчерашните контролни активности откриени и законски санкционирани биле и 33 други видови прекршоци.

Инаку, од започнување на примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на тетовското подрачје, за истечена регистрација повеќе од шест месеци, според член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, досега времено се одземени вкупно пет возила. Тие, согласно законот, ќе бидат задржани 90 дена во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.

Share
Scroll to Top