131 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 40 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top