131 сообраќајни прекршоци во Скопје, 36 под дејство на алкохол

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 7 мерки за користење мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење на сигурносен, седум санкции за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Share
Scroll to Top