На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 134 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 45 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за користење мобилен телефон, шест прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 48 за непрописно паркирање.
Од МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.