137 санкционирани возачи во Скопје, 29 без возачка

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени биле вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 29 санкции, 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени биле и седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top