140 сообраќајни санкции во Скопје, 78 за брзо возење

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78, 11 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top