145 санкционирани возачи во Скопје, 77 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 14 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top