153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење

пред 3 години

Во вчерашната полициска акција на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 153 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 казни, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени биле седум мерки за користење мобилен телефон, шест казни за возач почетник, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за прекршоци што ги чинат мотоциклистите, 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top