Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои 16 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Текстот 153 санкционирани возачи во Скопје е превземен од МАКФАКС.