158 санкционирани возачи во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 14 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 57 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top