163 санкционирани возачи во Скопје, 24 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 15 санкции за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 60 мерки за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top