17-годишен велосипедист тешко повреден по удар од автомобил, сторителот побегнал

пред 3 години

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди, откако управувајќи го неговиот велосипед бил удрен од патничко возило.

Според полицијата вчера во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар.

По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.

Share
Scroll to Top