18-годишна девојка нападната од нејзиното поранешно момче

пред 3 години

Осумнаесетгодишна девојка била физички нападната од својот поранешен дечко во гостиварското село Чајле.

Според информациите од полицијата, напаѓачот е 20-годишен жител на селото и во моментов е приведен од страна на властите.

„Вчера од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top