109 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење

183 санкции за брзо возење

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Текстот 183 санкции за брзо возење е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top