Во вчерашните акциски контроли од страна на МВР, на територија на град Скопје биле изречени вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги направиле пешаците. Изречени биле и 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од ресорното министерство.