197 санкционирани возачи во Скопје, 49 во алкохолизирана состојба

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 49, 20 санкции за возење без возачка дозвола, 37 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top