207 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за непочитување на првенство на минување, девет мерки за некористење на сигурен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top