„21 век –  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална“, велат од СДСМ

„21 век – Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална“, велат од СДСМ

пред 6 часа

„Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ.

„Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – циркус. Наместо извинување – здравица. Наместо одговорност – ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам. Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница. Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар. Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност“, соопшти СДСМ.

Текстот „21 век – Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top