21 лице го прекршиле полицискиот час, а 584 добиле казни за неносење маска

пред 3 години

Полицискиот час во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово го прекршиле 21 лице, информираат од МВР.

Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска како превениција од коронавирусот регистрирани се 584 прекршоци.

Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Share
Scroll to Top