21 уапсен во полициска акција во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили

пред 4 години

Полицијата заплени поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони во акцијата која ја спроведува во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од утрово во Грчец и Гази Баба, но и Чаир и Сингелиќ, велат извори од истрагата.

Досега се уапсени 21 лице, кои се наоѓаат во полициска станица. Претресите и заплените се направени во десетици куќи во овие четири скопски населби.

Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд. Неофицијално, ќе се бараат и притвори за дел од осомничените.

Во акцијата беа вклучени специјалните единици на МВР, а станува збор за сузбивање на поголема група на луѓе кои се товарат за сериозен криминал меѓу кои нелегално тргување со дрога. Со оглед дека акцијата и натаму трае, детали за истата се најавуваат по нејзиното завршување.

Share
Scroll to Top