216 возачи казнети за брзо возење

пред 3 години

По спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата вчера биле казнети 216 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 114 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top