Синоќа од 22 часот до 05 часот утрово констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје.
Во текот на изминатото деноноќие пак (11/12.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид-19.