231 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење

пред 3 години

По засилените акциски контроли во областа на сообраќајот од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 231 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 76 казни, 17 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 18 казни за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и 10 санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, 64 санкции за непрописно паркирање.

Oд МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top