26 малолетници затекнати по 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе

26 малолетници затекнати по 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе

пред 1 час

Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, соопшти МВР.

При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.

Според полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица.

„Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

Текстот 26 малолетници затекнати по 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top