269 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје – 81 за прекршоци што ги прават пешаците

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 20 мерки за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top