27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

пред 3 часа

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце, Крушево и Сарај. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума.

Во Македонски Брод пожарот е регистриран во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар има и кај селото С’лп во Општина Велес, со зафатена ниска вегетација и ретка дабова шума.

Во Општина Јегуновце гори шума кај селото Копанце, додека во Крушево активен е пожарот на потегот Борино – Житоше, каде што е зафатена ниска вегетација, деградирана дабова и дабова шума. Во Општина Сарај пожарот е регистриран кај селото Бојане и зафаќа ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Делчево.

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари во повеќе општини, меѓу кои Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Илинден, Пробиштип и Крушево.

Меѓу изгаснатите се пожарите кај Лознани и Вашарејца, Маково – Црничани – Брник, Лопатица, Алинци, Ташмаруништа, Зајас, Сушево, Делогожда, Новосељане, Младо Нагоричане – маало Тровојанци, како и пожарите на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, кај Тополчани, Мирковци, Скачковце, Визбегово, Илинден, Копаница, индустриската зона Бунарџик, Троолово и на потегот Алданци – Норово.

Текстот 27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top