277 санкции за брзо возење на територијата на државата

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.

Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

Share
Scroll to Top