28 лица ја прекршиле забраната за движење

пред 3 години

28 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 20.00 часот на 12.04.2021 до 05.00 часот на 13.04.2021, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 431 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Share
Scroll to Top