Во вчерашните акциски контроли во областа на сообраќајот нја територија на град Скопје биле изречени вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 53 казни, 156 мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени биле и осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.