31 санкциja за непрописно престигнување во Тетово

пред 3 години

Денеска (06.10.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на тетовско-гостиварското подрачје, при што санкционирани се 31 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top