33-годишникот што почина од Ковид-19 бил со прекумерна тежина и имал тешка пневмонија

пред 3 години

Триесет и тригодишниот пациент, кој починал во ГОБ „8 Септември“, бил со прекумерна телесна тежина, а вирусот направил тешка билатерална пневмонија, информираат од Министерството за здравство.

Тој бил хоспитализиран на почетокот од месецот, во болница се лекувал 2 недели, од самиот прием бил со ниска сатурација и цело време на неинванзивна механичка вентилација.

„Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал“, велат од Министерството.

Тој е еден од починатите 29 лица што се во денешната статистика на Министерството за здравство.

Починати се дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64), двајца пациенти од Куманово (63 и 82), тројца од Прилеп (76, 67 и 87), двајца од Тетово (65 и 72), пациент од Струга (81), двајца од Велес (77 и 80), двајца пациенти од Битола (64 и 65), двајца од Гостивар (63 и 74), пациент од Валандово (83) и двајца од Кичево (78 и 73).

Вкупната бројка на починати лица во земјата како последица на Ковид-19 изнесува 2.254.

Share
Scroll to Top