330 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје – 140 за недавање предност на пешаци

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 330 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 140 санкции, возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top