35-годишно лице пронајдено починато во болницата „Бардовци“

пред 2 години

МВР соопшти дека 35-годишно лице било пронајдено починато во болницата „Бардовци“ во Скопје.

Имено синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една од собите во болница „Бардовци“ бил пронајден починат И.К.(35) од Скопје.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top